(Видео) Апокалиптични сцени од Шри Ланка, во поплавите досега загинаа 17 луѓе

пред 3 години

Бројот на жртвите од поплавите и одроните на земјиштето во Шри Ланка се искачи на 17, а илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Во десет области на островот, вклучително и главниот град Коломбо, каде наврна голема количина дожд, нивото на водата се намалува, но предупредувањето за свлечиште е сè уште во сила, објави Центарот за управување со катастрофи на владата во Шри Ланка, пренесува „Ројтерс“.

Исто така, се наведува дека повеќе од 270.000 луѓе биле погодени од оваа катастрофа, и дека околу 100.000 згради останале без електрична енергија.

Владата претходно објави податоци кои покажуваат дека повеќе од 4.300 луѓе биле раселени во привремени засолништа и дека биле оштетени речиси 800 куќи.

Природната катастрофа се случи во време кога Шри Ланка се надева дека ќе ги ублажи ограничувањата во борбата против коронавирусот, а едномесечното блокирање поради третиот бран инфекции треба да заврши на 14 јуни.

Share
Scroll to Top