Третиот тим астронаути на долгорочни мисии, испратени од „Спејс екс“ на Меѓународната вселенска станица (ISS), безбедно се вратија на Земјата рано утринава.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Кру Драгон, вселенската капсула на „Спејс екс“ – која носела тројца астронаути на НАСА и член на екипажот на Европската вселенска агенција (ESA) од Германија, се спуштила со падобран во Мексиканскиот залив во близина на Флорида, завршувајќи со повеќемесечното истражување на орбитата во кое беа вклучени различни работи, од чили пиперки одгледувани во вселената, до роботи, пренесува „Ројтерс“.
Летот од ISS траел повеќе од 23 часа.
Екипажот Ендуранс, кој го започна својот претстој на 11 ноември, го сочинуваа американскиот вселенски ветеран Том Маршбурн (61) и тројца астронаути кои беа на оваа мисија по прв пат – Раџа Чарија (44), Кајл Барон (34) и нивниот колега од ESA, Матијас Маурер (52).
„Спејс екс“, основана во 2002 година од Илон Маск, извршен директор на производителот на електрични автомобили „Тесла“, кој неодамна потпиша договор за купување и на „Твитер“, произведува ракети Фалкон 9 и капсули Кру Драгон што ги користат астронаутите на НАСА, посочува „Ројтерс“.