(Видео) Балон полн со луѓе се запали во воздух и се урна во Бразил, најмалку осум загинати

(Видео) Балон полн со луѓе се запали во воздух и се урна во Бразил, најмалку осум загинати

пред 3 недели

Најмалку осум лица загинаа во пад на балон со топол воздух во Бразил, додека спасувачките тимови трагаат по преживеани. Според гувернерот на сојузната држава, во балонот имало 22 лица.

Несреќата се случила во јужната бразилска држава Санта Катарина, соопшти гувернерот Жоргињо Мело. Во објава на платформата „Икс“ утринава, Мело изјави дека несреќата се случила во Праја Гранде и додаде дека локалната заедница е во шок поради трагедијата.

Потврдено е дека две лица преживеале.

„Екипите се уште трагаат по другите“, рече гувернерот.

Текстот (Видео) Балон полн со луѓе се запали во воздух и се урна во Бразил, најмалку осум загинати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top