(Видео) Балон со топол воздух се урна во Аризона, загинаа четворица

(Видео) Балон со топол воздух се урна во Аризона, загинаа четворица

пред 4 месеци

Четири лица загинаа, а едно е тешко повредено кога балон со топол воздух се урна во пустината во Елој, Аризона, соопшти полицискиот оддел во Елој.

Несреќата се случила во округот Пинал, рурална пустинска област на околу осум километри северно од градот, во 7.30 часот по локално време, соопшти полицијата на Елој.

Градоначалникот на Елој потврди дека во балонот во моментот на падот имало вкупно 13 луѓе: осум падобранци, четворица патници и пилотот.

Непосредно пред падот падобранците излегле од балонот со топол воздух, а очевидци велат дека балонот изгледал како да лета горе-долу пред падот, објави локалната телевизија KNXV.

Едно лице е прогласено за мртво на местото на несреќата, три други починале во болница, а петтото лице е во критична состојба во болница.

Во тек е истрага за несреќата.

Текстот (Видео) Балон со топол воздух се урна во Аризона, загинаа четворица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top