Најмалку 28 лица загинаа, а над 50 се повредени во експлозија на локален пазар во шиитската област Садр Сити додека семејствата се подготвувале за еден од најважните муслимански празници Курбан Бајрам.
Меѓу жртвите има жени и деца.
„На пазарот Ал-Воејлат е извршен напад со рачно изработена бомба, при што има загинати“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
VIDEO: At least 30 now believed to have died in an attack on crowded market in Sadr City, #Baghdad ?? . pic.twitter.com/bxTR8fgklv #Iraq #EidAlAdha
— Sam Pye (@freddie1999) July 19, 2021
Одговорноста, како што пренесува „Би-би-си“ ја презеде Исламската држава (ИД) соопштувајќи дека еден од нејзините членови активирал елек со експлозив.