(Видео) Викенд во Сибир: Путин поминува преку мост од јаже над замрзната река

пред 3 години

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу го поминале викендот во Сибир, каде што го искористиле времето за одмор.

„Владимир Путин, заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, го поминува викендот во Сибир“, потврди Песков.

Фотографиите и сликите покажуваат дека Путин возел теренско возило низ густа шума.

На снимките се гледаат Путин и Шојгу во длабок снег како преминуваат мост од јаже преку замрзната река.

Шојгу му ја покажа својата работилница на претседателот Путин во која се занимава со резба на дрво.

Путин (68) традиционално ги поминува одморите во Сибир.

Share
Scroll to Top