(Видео) Водени топови, солзавец, фрлени камења-тензично на границата меѓу Полска и Белорусија

пред 3 години

Ситиуацијата на границата меѓу Полска и Белорусија е повеќе од тензична, објавуваат светските медиуми. Голем број полски безбедносни сили го чуваат затворениот граничен премин од илјадници мигранти.

Според последните информации од теренот, мигрантите се упатиле кон жицата и почнале да ја сечат, додека полските безбедносни сили фрлале со камења по нив. Биле употребени и водени топови, а бил фрлен и солзавец. Спорадичните конфликти продолжуваат, стои во написите на известувачите.

Агенцијата Тасс јавува дека при обидот да се пробијат бегалците на полска страна, се слушнало спорадично огнено оружје.

Полските безбедносни сили во понеделникот испорачаа воден топ на границата со Белорусија, тешка воена машинерија, а воен хеликоптер ја прелета целата област.

Поради студеното време, мигрантите се почесто контактираат со лекарите од невладините организации кои се обидуваат да им помогнат.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој се смета за одговорен за хаосот на границата меѓу неговата земја и Полска, вели дека за Минск во моментов најважно е да ја заштити својата земја и народ и да спречи конфликти.

„Знам дека веќе имало обиди да се достави оружје во кампот за мигранти во близина на границата со Полска“, рече Лукашенко, според неговата веб-страница. Тој посочи дека тоа во никој случај не треба да се дозволи.

Претседателот на Белорусија рече и дека Европската Унија наместо да бара решенија заедно со белоруската страна, се откажува од проектите за прекугранична соработка и се заканува со нови санкции и гради ѕид.

Бегалците од земјите од Блискиот Исток пристигнаа на 8 ноември од правец на Белорусија на полската граница, поточно на граничниот премин „Брузги“.

Меѓу мигрантите има и семејства со жени и деца. Не кријат дека целта им е да заминат во Германија, поради што периодично се обидуваат да ја пробијат бодликавата жица на полската граница.

Share
Scroll to Top