(Видео) Водителка по грешка на Божиќ ја објави смртта на папата Франциск

пред 2 години

Британската ТВ водителка направи необичен гаф додека ги читаше вестите за Божиќ и ја објави смртта на папата, но брзо ја сфати грешката, па им се извини на гледачите. Сепак, тоа не спречи видеото да се прошири на социјалните мрежи со брзина на светлината.

Новинарката и водителка Кајли Пентелу по грешка ја објави смртта на водачот на Католичката црква, пред таа брзо да го заврши својот дел од вестите во саботата вечерта.

Пентелу известуваше за божиќното обраќање на папата во Ватикан, објаснувајќи како ги молел светските лидери да ги направат вакцините достапни за „најпотребните“. Таа потоа рече дека неговата смрт е објавена, пред да ја сфати својата грешка и брзо додаде: „Прости ми“, кога заврши сегментот.

Многу корисници на Твитер се чинеше дека уживаа во необичниот гаф што се емитуваше на публиката во живо на ITV.

„ Ова многу ме насмеа. Стариот добар папа Франциск е сè уште жив и здрав!“, пишува во еден од коментарите.

Многумина имаа разбирање за грешката на водителката, велејќи дека таа се уште работи на Божиќ.

Папата Франциск е на чело на Католичката црква од 2013 година, кога го замени Бенедикт Шеснаесетти, а вчера го искористи божиќното обраќање за да побара порамномерна распределба на вакцините во светот.

Во своето обраќање Папата се помоли за крај на пандемијата и повика на здравствена заштита за сите, вакцини за сиромашните и надминување на дијалогот за решавање на светскиот конфликт.

Share
Scroll to Top