(Видео) Возови се судрија во Индонезија, тројца загинати, 28 повредени, спасувачите извлекуваат луѓе

(Видео) Возови се судрија во Индонезија, тројца загинати, 28 повредени, спасувачите извлекуваат луѓе

пред 3 години

Спасувачите во Индонезија се обидуваат да ослободат две лица заробени меѓу вагоните по судирот на возови во провинцијата Западна Јава утринава, во кој загинаа најмалку тројца, а повредени се 28 луѓе, соопштија властите.

Видеата од локалните телевизиски станици „Метро ТВ“ и ТВ „Компас“ покажаа дека на патниците им се помага да излезат од вагоните, од кои некои целосно излетале од шините. Брзата помош однела 28 повредени во болница, соопшти полицијата, по несреќата во 6.03 часот по локално време во близина на главниот град на провинцијата Бандунг.

Тројца од загинатите се персонал во возот, изјави Ибрахим Томпо, регионален портпарол на полицијата во Западна Јава, додавајќи дека во возовите имало вкупно 478 патници.

Причината за несреќата сѐ уште не е позната, но железничкиот оператор ПТ КАИ и провинциската влада рекоа дека ќе истражат заедно со службениците за безбедност во сообраќајот.

Текстот (Видео) Возови се судрија во Индонезија, тројца загинати, 28 повредени, спасувачите извлекуваат луѓе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top