Грчката влада прогласи вонредна состојба во два града во регионот Хераклион на Крит – Кастели и Трапсанос.
Обилните дождови во петокот и саботата доведоа до појава на поплави и лизгање на земјиштето.
Вонредна состојба, која ќе биде на сила шест месеци – до 6 мај 2021 година, ја воведе заменикот министер за цивилна заштита за управување со кризи, Никос Хардалиас, пренесе АНА.