(Видео) Вооружени цивили во зградата на американскиот Конгрес, во тек е евакуација на државните претставници

пред 4 години

Капитол во САД е затворен поради напната ситуација со демонстрантите, откако членовите на Конгресот ја започнаа седницата за да ја потврдат изборната победа на Џо Бајден.

Симпатизерите на американскиот претседател Доналд Трамп се судрија со полицијата во близина на зградата на Капитол, пренесува „Ројтерс“.

Во тек е евакуација на членовите на Претставничкиот дом и Сенатот од зградата на американскиот Конгрес, во која навлегоа приврзаницита на Доналд Трамп, откако претходно денеска тој им се обрати со говор во Вашингтон.

Демонстрантите влегоа во салата на Сенатот. Еден од нив застана зад масата на претседателот и извика: „Трамп победи!“.

Некои од демонстрантите се облечени како Викинзи.

На претставниците на Конгресот и на новинарите кои се евакуираат им е речено да стават маски. Вооружени цивили биле видени во зградата на Конгресот, па полицијата употребила солзавец.

Share
Scroll to Top