Министрите на НАТО со шефот на украинската дипломатија: „Време е за практични мерки“

Министрите на НАТО со шефот на украинската дипломатија: „Време е за практични мерки“

пред 5 месеци

Министрите на надворешни работи на НАТО денеска во Брисел се среќаваат со нивниот украински колега Дмитро Кулеба за да разговараат за ситуацијата на бојното поле и за поддршката на Западот за Киев. На дневен ред ќе биде и хармонизација на Украина на одбранбениот и безбедносниот апарат со стандардите на НАТО, во светло на можното пристапување на Украина во западната воена алијанса во иднина.

„Сега мораме да почнеме да работиме на конкретни чекори, што можеме да направиме како НАТО за да и помогнеме на Украина да се подготви за приклучување кон алијансата“, рече латвискиот министер за надворешни работи Крисјанис Каринс, наведувајќи ги како пример прашања поврзани со законодавството, воените и оперативните процедури, опремата и методите на работа.

Според него, „сега нема потреба да се влегува во дискусии за тоа кога и како Украина ќе влезе во НАТО“, но смета дека треба да се преземат некои „практични мерки“. Министрите за надворешни работи за првпат ќе водат дискусии во рамките на неодамна формираниот Совет НАТО-Украина.

Советот беше формиран во јули на Самитот на алијансата во Вилнус, кога лидерите на НАТО се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Целта на ова тело е да ја олесни соработката додека не се исполнат условите за членство на Украина.

Текстот Министрите на НАТО со шефот на украинската дипломатија: „Време е за практични мерки“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top