(Видео) Во Мадрид падна најголемата нарко-банда, запленети луксузни автомобили и 800.000 евра во кеш

пред 3 години

Шпанската полиција уапсила 12 члена на најголемата нарко-банда во Мадрид и запленила автомобил „ферари“ вреден 250.000 евра и цел арсенал огнено оружје, како и јапонски меч, соопшти денеска полицијата.

Како што се наведува, во серија рации биле запленети три ками, неколку автоматски пушки и 600 килограми кокаин. Во соопштението се истакнува дека бандата била многу насилна, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу запленетиот имот има 20 скапи автомобили, како и 800.000 евра во готово. Полицијата исто така тврди дека неименуван „адвокат за дрога“ вршел незаконска работа за таа организација. Членовите на бандата користеле шифрирани имиња и живееле во луксузни објекти.

„Истражителите утврдија дека ова е најголемата организација за дистрибуција на кокаин во Мадрид“, се вели во соопштението на полицијата.

На објавената снимка се гледа како полицијата вади торба полна со пари од скривалиште на таванот на еден од становите.
Лидерот на организацијата, кој потекнува од Мароко, бил поврзан со банди во Колумбија, Мароко, Шпанија и северна Европа.

Шпанската полиција работела на случајот заедно со колеги од Колумбија.

Share
Scroll to Top