Турските власти уапсија 89 лица во земјата поради приклучување кон неодобрените демонстрации, објави министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, на платформата „Икс“.
Протестите во југоисточна Турција и провинцијата Измир дојдоа откога изборното тело донесе одлука дека новоизбраниот градоначалник на прокурдската Партија за народна еднаквост и демократија (ДЕМ) во југоисточниот град Ван не може да ја преземе функцијата.
(hakkari):colemêrg'de akp'liler yurttaşlara ateş açtı
akp colemêrg İl başkanı Zeydin kaya'nın akraba ve yakınları protesto eylemleri sırasında yurttaşlara ateş açtı. pic.twitter.com/3eIL8Z0Dmj
— yeliz (@Yaziyorumkanka) April 2, 2024
На Абдула Зејдан му беше скратен мандатот иако на локалните избори во неделата беше избран за градоначалник со речиси 55 отсто освоени гласови, соопшти ДЕМ.
Таа позиција ќе му припадне на кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган. Нивниот кандидат беше втор на изборите со речиси 27 отсто поддршка од гласачите.
Главната опозициска централнолевичарска Републиканска народна партија (ЦХП), која беше прва на изборите во неделата како историски удар за АКП на Ердоган, ја осуди одлуката и повика на нејзино поништување.
Локалната изборна комисија соопшти дека Зејдан имал криминално досие и дека не требало да се кандидира на изборите, објави државната новинска агенција „Анадолија“.
Од неговата партија соопштија дека за одлуката биле информирани дури по изборите во неделата.
Инцидентот потсетува на масовните отпуштања на прокурдските локални политичари во 2019 година.
Прокурдската партија, тогаш наречена ХДП, освои 65 градоначалнички места на локалните избори во 2019 година, но владата ги отстрани повеќето од функцијата поради наводна поврзаност со тероризмот.
Текстот (Видео) Во Турција на курдскиот градоначалник му беше одземен мандатот, избувнаа протести, 89 уапсени е превземен од МАКФАКС.