Член на Ал Каеда ослободен од затвор 20 години порано

пред 3 години

Адел Абдел Бари, доверлив човек на Бин Ладен, еден од најистакнатите и водечки членови на Ал Каеда, е ослободен од затвор 20 години порано. Бари е роден во Египет и бил вклучен во терористички напади врз американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1998 година, при што загинаа 224 лица и беа ранети 5.000.

Тој беше осуден во 2015 година на 25 години затвор, а во затворската казна беше вклучено и времето што го поминал во британски притвор. Иако сè уште ја нема одлежано затворската казна, Бари неодамна бил ослободен бидејќи, со оглед на неговата возраст и здравствена состојба, спаѓа во ризичната група во однос на последиците од коронавирусот.Неговите адвокати побараа од судијата да го помилува со оглед на тоа дека страда од астма и прекумерна тежина, што во комбинација со неговата возраст го става на ризична група.

Бари е ослободен од затвор на 8 декември и веќе се вратил во Велика Британија, каде живее неговата сопруга Рага, која, наводно, според извештаите на медиумите, живее во вила вредна 1,3 милиони долари. Тој е ослободен три недели пред да биде објавена веста, а според извештаите на медиумите, тој изгледа поинаку околку што се мислело.

Фотографиите направени од „Сан“ покажуваат дека може да се движи без ничија помош, за разлика од неговите адвокати коишто тврдеа дека станува збор за старец кој страдал од астма и дебелина. Весниците минатата недела дури изјавија дека тој е виден како прима достава на мебел.

Според „Телеграф“, причината поради која соработникот на Бин Ладен се вратил во Велика Британија е тоа што поранешниот премиер на Велика Британија, Дејвид Камерон, постигнал договор со САД. Пред апсењето и затворањето, Адел Абдел Бари добил политички азил во Велика Британија во 90-тите години на минатиот век. Неименуван извор изјави дека владата на Камерон се согласила да го врати Бари, бидејќи Лондон се плаши дека укинувањето на азилот ќе ги наруши неговите права, затоа што тој не може да се врати во Египет, од кој избегал како политички бегалец.

Бари не може да се врати во Египет, бидејќи таму наводно ќе го мачеле и убивале, затоа што претходно бил обвинет за планирање терористички напад на пазар во Каиро. Британските медиуми објавија дека наводно Бари ќе добие надзор поради неговата безбедност, што ќе ги чини британските даночни обврзници стотици илјади долари, пренесува Спутник.

Share
Scroll to Top