(Видео) Вучиќ покажа фотографии од масакрирани тела од бандата на Беливук

пред 3 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека најмалку две организирани криминални групи се разбиени во борбата против мафијата и дека се водат истраги за убиствата.

Вучиќ синоќа се обрати по седницата на Советот за национална безбедност, која траеше три часа и имаше неколку точки. Првата точка е Косово, втората вакцини и борбата против коронавирусот, а трета точка на дневниот ред била борбата против организираниот криминал.

„ Ние кај членовите на оваа најпозната криминална група (Вељко Беливук) што е зад решетки , првпат успеавме да направиме нешто во техничка смисла. Увезувавме уреди што порано не ги користевме. Членовите на криминалната група имаа фотографии и обележани лица на луѓе во МВР и БИА, кои, како што сметаа, им беа прогонувачи. Тоа се оперативци кои се бореа директно против нив и успеале во тоа. Тие ги ризикуваа своите животи, но успеаја, истакна Вучиќ.

На прес-конференцијата беа покажани фотографии, кои ги докажуваат злосторства за кои е осомничена криминална група предводена од Вељко Беливук (Веља Невоља) на кои се гледаат телата на убиените, како и снајперски пушки.

Српскиот претседател соопшти дека пред два дена во областа меѓу Шабац и Лозница е запленет досега најголем арсенал на оружје.

Share
Scroll to Top