(Видео) Германска телевизија објави снимка од руски војници кои убиваат цивил што се предава

пред 2 години

Германскиот јавен сервис ЗДФ, во емисијата „Фронтал“ објави видео снимено со дрон на кое се гледа како во предградието на Киев руски војници убиваат украински цивил кој се обидел да се предаде. ЗДФ наведува дека станува збор за воено злосторство.

ЗДФ „Фронтал“ доби снимки од дрон од анонимен извор во Украина, велат тие.

„Тоа беа два поединечни клипови, едниот трае 2 минути, другиот речиси 4 минути. Она што го прикажуваат е шокантно. Украински дрон за набљудување го снима експресниот пат Е-40 неколку километри западно од Киев“, објави ЗДФ.

Снимката покажува момент од раните попладневни часови на 7 март.

„Северно од автопатот, Русите ја презеле контролата врз некои предградија на Киев. Тие напредуваат кон патот. Дронот ја снима позицијата на руски тенк на неколку метри од бензинската пумпа, тенкот има една од типичните бели ознаки за идентификација на руските сили во Украина. А во шумата до тенкот: мали, но видливи силуети на вооружени војници“, ја опишува ситуацијата ЗДФ.

Клучното прашање е дали снимката е оригинална.

„На крајот на краиштата, вистината прва умира во војна, а сите вклучени страни користат пропаганда за свои цели. Снимките може да бидат такво оружје“, истакнува ЗДФ.

Тие успеале да ја потврдат автентичноста на снимката од дронот. Дошле до човекот кој им го испратил видеото, тој моментно се крие во подрум во главниот град на Украина.

Пред војната продавал електрична стока. ЗДФ го знае неговото вистинско име и возраст, но решиле да не ги објавуваат од безбедносни причини.

Дронот кој го снимил овој настан е „мавик III“, кој има професионална филмска камера, но не е воена направа. Снимките содржат временски печат кој е автентичен.

На снимката од 7 март потоа се гледа како руските војници го влечат телото на мажот од автомобилот во ров.

„Со него патувале и жена и дете. Подоцна војниците ги однеле во блиската шума. На снимките не се гледа што се случило со нив“, забележува ЗДФ.

Share
Scroll to Top