Едно лице загина кога во понеделникот два авиона се судрија во воздух на аеродром во Невада.
Авионите се урнаа еден во друг околу 9.47 часот на аеродромот „Минден-Тахо’ речиси еден месец откако друг судир однесе еден живот за време на полетувањето на истата писта.
Властите реагираа кога еден од едномоторните авиони слета на аеродромот, а другиот падна во полето во близина на автопатот 395, соопштија од канцеларијата на шерифот на округот Даглас, пренесе „Дејли мејл“.
Федералната управа за авијација (FAA) соопшти дека во еден од авионите, GC-1B, имало еден патник, а другиот, „цесна 206“, имал двајца патници.
Пилотот и патникот во „цесната“ не се повредени, а пилотот на другиот авион починал кога паднал во блиското поле.
Не е јасно што ја предизвикало фаталната несреќа.
Текстот (Видео) Два авиона се судрија на аеродром во Невада, има мртви е превземен од МАКФАКС.






