(Видео) Демонстрантите во Виена го осудија исламскиот екстремизам

пред 3 години

Група активисти маршираа низ улиците на Виена синоќа, протестирајќи против тероризмот и расизмот. Австриската престолнина претрпе смртоносен напад од џихадистите минатата недела, пренесува РТ.

Демонстрантите носеа знамиња на АНТИФА и транспаренти на кои пишуваше „Заедно против тероризмот“ и „Заедно против ИСИС“ додека маршираа од градската опера до местото на нападот што се случи на 2 ноември. Тие ги осудија исламистичкиот екстремизам и омразата кон верските и етничките малцинства.

„Според мене, религиите се мирољубиви, иако некои луѓе шират омраза. Важно е да се потсетиме дека треба да дејствуваме солидарно “, изјави студент што присуствуваше на маршот за новинската агенција „Раптли “.

„Во Виена и во многу други делови на светот, во моментов имаме голем проблем со крајно десничарската политика. Пред само неколку месеци имаше фашистички маршеви во Виена“, рече Аксел Магнус, активист на трговскиот синдикат.

Минатата недела вооружен напаѓач уби четири лица и рани уште 23 лица во центарот на градот пред да биде застрелан од полицијата. Сторителот бил 20-годишен маж роден во Австрија со албанско потекло, кој бил симпатизер на Исламска држава.

Исламска држава подоцна ја презеде одговорноста за нападот. Водечката муслиманска невладина организација во земјата, Исламскиот верски орган на Австрија, го осуди нападот.

По нападот, група десничарски активисти одржаа протест со факли во Виена, повикувајќи ги властите да преземат повеќе активности против исламистичките радикали и да ги заострат законите за миграција. Тие се соочија со контра-демонстранти, кои ги етикетираа како „нацисти“.

 

Share
Scroll to Top