Мишел: Ако НАТО влезе во конфликт со Русија ќе избие Трета светска војна

пред 2 години

Влегувањето на НАТО во конфликтот за Украина може да предизвика Трета светска војна, предупреди претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Правиме се’ што можеме за да не го ескалираме конфликтот. Русија е нуклеарна сила и свесни сме дека ако овој конфликт се претвори во конфликт на НАТО против Русија, тогаш ќе се случи Третата светска војна“, рече Мишел во интервју за шпанскиот весник „Паис“.

Тој додава дека е во постојан контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој според Мишел имал дополнителни барања од ЕУ.

„Точно е дека тие сакаа повеќе. Но, проширувањето на ЕУ е чувствително прашање за кое не сите европски земји го делат истото мислење“, рече Мишел.

Според него, ЕУ треба да ги земе предвид и земјите со кои веќе започна пристапниот процес.

„Мораме да ги поддржиме нашите партнери кои гледаат кон слободниот свет. Договорите за пристапување во ЕУ имаат огромен потенцијал, кој е потценет“, нагласи претседателот на Европскиот совет.

Share
Scroll to Top