(Видео) Експлозии и огромни столбови чад во близина на Техеран

(Видео) Експлозии и огромни столбови чад во близина на Техеран

пред 2 часа

Снимката што ја геолоцираше Си-ен-ен покажува чад како се издига во Пардис, град источно од иранската престолнина Техеран, откако Израел објави дека го напаѓа главниот град, а американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за „голем бран“ напади врз Иран.

На снимките може да се слушнат експлозии, а најмалку три облаци чад се издигаат од планинска област.

Експлозии одекнаа и во различни делови од покраината Исфахан во централен Иран во вторник наутро, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр. Напади беа пријавени и во Кангавар на западот од земјата и во Шираз, град во југо-централен Иран.

„Уништивме стотици балистички ракети и гледаме дека нивните системи за истрелување се забавуваат“, изјави портпаролот на израелската војска, Надав Шошани, на брифинг во вторник. „Ја намаливме нивната способност да истрелуваат ракети кон нас и регионот“.

Шошани додаде дека Иран сега нема „способност да испукува ракети во големи количини“ и дека ова останува „клучен фокус“ ​​за израелските сили во наредните денови.

Претходно, Израел соопшти дека целите на нападите биле ирански ракетни лансери и системи за воздушна одбрана.

Текстот (Видео) Експлозии и огромни столбови чад во близина на Техеран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top