(Видео) Експлозија во ресторан во Москва: загинаа три лица, над 20 се повредени

(Видео) Експлозија во ресторан во Москва: загинаа три лица, над 20 се повредени

пред 7 часа

Три лица загинаа, а 21 се повредени во експлозија што синоќа се случи во ресторан во центарот на Москва.

Иако првичните информации на социјалните мрежи упатуваа на истекување на гас, руските истражители соопштија дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа.

Според руската државна агенција ТАСС, повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет, жена се обидела да внесе експлозивна направа во ресторанот, но била запрена од обезбедувањето. Во експлозијата загинале жената, обезбедувачот и еден гостин.

Мотивот за нападот засега не е познат, а властите сè уште не соопштуваат дали станува збор за терористички чин или за друг вид напад.

Според локалните медиуми, ресторанот бил резервиран за приватни настани, а во моментот на експлозијата таму наводно се одржувале свадбена веселба и роденденска прослава на генерал на руските вооружени сили. Овие информации засега не се официјално потврдени.

Текстот (Видео) Експлозија во ресторан во Москва: загинаа три лица, над 20 се повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top