(Видео) Експлозија на гас сруши ресторант во Кина, загинаа најмалку 16 лица

пред 2 години

Најмалку 16 лица загинаа кога градска менза во југозападниот мегаград Чонгкинг се урна по експлозија на гас во петокот, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Десет лица се здобиле со сериозни повреди, јави Ксинхуа.

Првично беше соопштено дека повеќе од 20 луѓе биле затрупани во експлозијата во ресторан кој ги опслужувал околните канцеларии на градската управа.

Сите жртви кои беа затрупани под урнатините по експлозијата во градскиот округ Вулонг се извлечени, јави Ксинхуа.

Share
Scroll to Top