(Видео) Жена од САД, во авион нападнала маж затоа што не носел маска

пред 3 години

На лет на „Делта ерлајнс“ од Тампа до Атланта, една жена нападнала постар маж, јавуваат американските медиуми.

Се се случило на 23 декември, а жената наводно го удрила и плукнала 80-годишникот.

За инцидентот е уапсена Патриша Корнвол (51).

„Стави маска“, му викнала таа на човекот, носејќи ја и самата нејзината маска под брадата.

Мажот одговорил дека не мора да носи маска бидејќи јаде, а потоа ја навредувал, по што жената го удрила и плукнала.

Полицијата и ФБИ, според написите, одбилa да го потврди идентитетот на жената а не е познат ниту идентитетот на нападнатиот маж.

Полициската управа на Атланта во соопштение извести дека полицајците го дочекале летот и ја привеле жената.

Нејзиниот адвокат пред судот потврди дека таа е во затвор од 23 декември.

Share
Scroll to Top