(Видео) Жена упадна во програма во живо на руската државна телевизија: Не за војната, ве лажат

пред 2 години

Преносот во живо на руската државна телевизија го прекина една жена мавтајќи со плакат на кој пишуваше „Не на војната, прекинете ја војната“, пишува Би-Би-Си.

На снимките кои се шират во Русија, особено преку апликацијата „Телеграм“, се гледа како жената влегува во кадарот зад водителката во информативната програма Време на Првиот канал.

„ Не верувајте во пропагандата, ве лажат, Русите се против војната“, пишува на нејзиниот знак.

Демонстрантката, чие име не е наведено, наводно е вработена во телевизијата.

Набрзо било откриено која е жената. Станува збор за Марина Овсјаникова, вработена во телевизијата, која пред својот потфат снимила порака и ја објавила на социјалните мрежи. Во пораката таа открила дека нејзиниот татко е Украинец и повика на антивоени протести.

„ Се срамам што работев за пропагандата на Кремљ. Не можат сите да не стават во затвор“, рече таа во пораката.

Сите медиуми пишуваат дека Овсјаникова е веќе приведена.

Share
Scroll to Top