(Видео) Жестока расправија меѓу новинарка и Додик: „Вие сте шверцер и воен профитер“

пред 3 години

Прес-конференцијата на Милорад Додик, која се одржа синоќа во источно Сараево, беше одбележана со жестока расправија меѓу него и новинарка од телевизијата БН.

Откако Додик го заврши делот од своето обраќање за разговорот со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лаен, тој се сврте кон актуелната афера поврзана со користење на индустриски кислород како медицински, која деновиве ја тресе Република Српска.

По тој повод, Додик неколкупати ја нападна телевизијата БН, велејќи дека таа ја создала аферата во соработка со политичката опозиција на помалиот ентитет, се со цел да ја наруши атмосферата во Република Српска.

Новинарката на БН, Слаѓана Јашаревиќ, остро реагираше на изјавите на Додик, предупредувајќи го да не и се обраќа на неа и нејзините колеги на тој начин.

„Во овие 20 минути, вие се занимававте само со БН. Ве предупредувам дека ова е последен пат така да ми се обраќате на мене и на моите колеги, а и на тој начин да зборувате за телевизијата БН. Никогаш повеќе да не сте се осмелиле да зборувате така”, рече Јашаревиќ.

По нејзиното излагање, Додик побара на новинарката да и биде исклучен микрофонот, но тој остана вклучен, па јавноста можеше да ги слушне грубите зборови што ги упатуваа еден кон друг.

Јашаревиќ го нарече Додик воен профитер и шверцер.

„Јас сум член на семејството на борец, а вие шверцувавте цигари во војната. Вие сте обичен шверцер и воен профитер. Вие ги користие овие луѓе, заработувате од нивното здравје, зарем не ви е срам?“ праша новинарката.

На нејзините изјави, Додик рече дека од БН не се нормални.

„Гледате дека овие луѓе од БН не се нормални. Ти (новинарката) си толку голем предавник како и твојата телевизија. Вашата телевизија е дел од заедничко злосторничко здружување против РС и, се разбира, ви е наложено да го правите она што го правите. Вие сте најголемите злосторници во РС“, одговори Додик.

Share
Scroll to Top