(Видео) Жители на Австралија плачеа од среќа откако државата им дозволи да патуваат во Нов Зеланд

пред 3 години

Средби исполнети со солзи на аеродромот во Окланд откако на Австралијците уште еднаш им беше дозволено слободно патување во Нов Зеланд, првпат по повеќе од една година од пандемијата со коронавирусот, пренесува Би-Би-Си.

Долго очекуваниот таканаречен патнички балон на релација Австралија – Нов Зеланд значи дека патниците веќе не треба да одат во карантин по пристигнувањето.

По ваквата одлука илјадници луѓе веднаш го резервираа својот лет.

Двете земји ја контролираа пандемијата на коронавирус и одржуваа ниски стапки на новозаразени, главно поради строгите ограничувања.

Возбудените патници ги исполнија аеродромите во Австралија за да патуваат во различни делови на Нов Зеланд, а некои станаа пред зори за да бидат подготвени да се качат.

„Јас дури и не знаев дека ќе бидам толку емотивна денес“, изјави патникот Доун Трат на аеродромот во Сиднеј за време на краткото интервју за Би-Би-Си.

Иако многумина со нетрпение ја очекуваа средбата со своите најблиски, за други патувањето беше помачно.

“Мојот постар брат почина минатиот четврток. Не бевме во можност да одиме таму минатата недела, но денес имавме шанса да се вратиме дома без карантин, па затоа е добро.

Share
Scroll to Top