Силна бура ги погоди Англија и Ирска – во сила црвено предупредување

пред 2 години

Невремето од Атлантскиот Океан денеска ги погоди Англија и Ирска со урагански ветрови кои дуваат до 260 километри на час, што предизвика црвено предупредување од британската метеоролошка служба дека бурата може да предизвика значителни нарушувања во Лондон.

Невремето, кое тргна од Централниот Атлантик и се сврте од Азорските Острови кон Европа, со себе носи ветар со екстремна брзина, кој е опасен по живот, објави британската метеоролошка служба, пренесе Ројтерс.

Невремето го погоди западниот дел на Англија и слета во Корнвол, каде големи бранови го зафатија брегот.

Share
Scroll to Top