(Видео) Започнат напад на Одеса?

пред 2 години

Нападот на Одеса започна, Русите се во близина на Киев, пренесуваат медиумите во регионот.

Потсетуваат дека руската војска го стега обрачот околу Киев, откако утрото влегоа во предградијата.

Почна жесток напад на Одеса, е објавено и на социјалните мрежи.

Новинар на Би-Би-Си на Твитер објави дека проектили паѓаат врз Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, зборуваше преку својот канал Телеграм и рече дека руските сили се многу блиску до градот и дека Киев го чека тешка ноќ.

„Без претерување, заканата за Киев е многу голема. Ни претстои тешка ноќ и тешко утро. Руските војници се многу блиску до градот. Диверзантските групи ја неутрализираат армијата и другите безбедносни служби. Мостовите во градот се под посебна контрола и на нив патролираат војници.

Болниците работат во режим на војна, а контролните пунктови се поставени на главните влезови во градот и во близина на стратешките објекти во градот. Сето ова го правиме за да го заштитиме Киев.

Им благодарам на граѓаните за подготвеноста да го бранат градот и државата“, рече Кличко.

Си-Ен-Ен претходно објави дека американските разузнавачи стравуваат дека Киев за неколку дена ќе падне под руска контрола.

Според новинарските извештаи, од вчера се водат жестоки борби. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, поддржани од сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.

Русија тврди дека го презела аеродромот во близина на Киев. Украинците тврдат дека Русија од вчера загубила 1.000 војници.

Share
Scroll to Top