(Видео) Зграда исчезна за неколку секунди во земјотресот во Измир

пред 3 години

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја стресе западната провинција Измир во Турција.

Турските медиуми објавија дека земјотресот бил почувствуван во егејскиот регион и во Мармара, каде се наоѓа Истанбул. Се чувствуваше и во Грција, во главниот град – Атина.

Според последните информации, повеќе од 400 лица биле повредени, 14 лица загинаа. Предизвикана е голема материјална штета во Турција.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи можат да се забележат остатоци од урнатини, како и фрижидери, столови и маси кои пливаат низ улиците.На снимките можат да се забележат и згради кои буквално за секунда исчезнуваат при силниот потрес, кој урна околу 20-тина објекти.

Министрите за надворешни работи на Турција и Грција, земји кои се расправаат околу сопственоста на потенцијалните ресурси на јаглеводороди во источниот дел на Средоземното Море, разговараа телефонски по земјотресот и рекоа дека се подготвени да си помагаат едни на други, соопшти Анкара.

Share
Scroll to Top