(Видео) Зеленски во посета на Миколаев, град што Русите го ракетираа

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ретко го напушташе главниот град Киев откако Русите почнаа да ја напаѓаат земјата на 24 февруари, денеска за првпат го посети градот Миколаев во јужна Украина.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Претседателот беше во Миколаев како дел од работната посета на регионот, се вели во соопштението од неговиот кабинет, без да се прецизира времето на посетата.

„Претседателот ја посети зградата на покраинската влада во Миколаев, која беше уништена од ракетен напад од руските сили“, се наведува.

Две лица загинаа, а 20 се ранети во петокот во Миколаев во ракетен напад на руските сили.

Во видеото, локалниот гувернер Виталиј Ким на Зеленски му покажува оштетување во станбена зграда со огромна дупка.

Share
Scroll to Top