(Видео) Зеленски предупреди на необична активност на границата со Белорусија

(Видео) Зеленски предупреди на необична активност на границата со Белорусија

пред 2 часа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е забележана необична активност на белоруската страна од границата и порача дека украинските сили внимателно ја следат ситуацијата.

Тој нагласи дека Украина е подготвена да реагира на секој обид соседни сили да бидат вклучени во агресивни акции против нејзиниот суверенитет.

Зеленски најави и нови пакети санкции, како и продолжување на разговорите со европските и блискоисточните партнери за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана и економската стабилност.

Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии и засилена контрола врз интернетот во Белорусија, додека растат стравувањата дека земјата би можела повторно да стане платформа за нова ескалација кон Украина.

Текстот (Видео) Зеленски предупреди на необична активност на границата со Белорусија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top