(Видео) Израел изврши ракетен напад на најголемото пристаниште во Сирија

пред 2 години

Израелски борбени авиони утрово истрелаа ракети врз најголемиот пристанишен град во Сирија, предизвикувајќи нови експлозии и пожари.

Ова е втор напад за еден месец врз клучни постројки, објавија сириските државни медиуми, пренесува „Ројтерс“.

Се сомнева дека проектилите паднале врз магацините за оружје и муниција.

„Причинета е значителна материјална штета во пристаништето Латакија, а проектилите пристигнале од правец на Медитеранот“, изјавил неименуван воен извор за сириската државна агенција Сана.

Засега нема информации за жртви, а на социјалните мрежи е објавено видео од пожарот во пристаништето.

Сириската државна телевизија објави снимка на која се гледа пламен и чад во областа каде што се наоѓаат контејнерите.

Локалните медиуми јавуваат дека е оштетен предниот дел на болница, некои станбени згради и барови.

Министерот за одбрана го обвини Израел за агресија, а „Ројтерс“ пренесува дека нападите врз, како што велат Израелците, „ирански цели“ во Сирија, врз групи како Хезболах, кој го поддржува Техеран, неодамна се интензивирани.

Share
Scroll to Top