(Видео) Иран користел нов систем за противвоздушна одбрана при соборувањето на американските авиони

(Видео) Иран користел нов систем за противвоздушна одбрана при соборувањето на американските авиони

пред 6 часа

Иран вчера употреби нов систем за воздушна одбрана за да собори американски борбени авиони, соопшти денес Централната оперативна команда на иранската армија „Хатам ал-Анбија“, објави „Ројтерс“.

Портпаролот на командата изјави дека земјата „дефинитивно ќе постигне целосна контрола“ над својот воздушен простор, според иранските државни медиуми.

Ирански оган собори американски двоседен авион Ф-15Е, потврдија официјални лица од двете земји, додека двајца американски претставници рекоа дека пилотот се катапултирал од борбениот авион А-10 Вартог што се урна во Кувајт откако беше погоден од иранската артилерија.

Иранските медиуми тврдат дека исчезнатиот американски пилот, кој беше изгубен откако неговиот борбен авион Ф-15Е беше соборен над Иран, не е заробен и дека потрагата е сè уште во тек.

Според информациите што ги објави Си-ен-ен, еден член на екипажот бил спасен откако авионот бил соборен, додека потрагата по другиот сè уште е во тек. Не е познато точно каде се урнал авионот на иранска територија.

Државната новинска агенција Тасним објави дека потрагата по исчезнатиот член на екипажот „досега не дала никакви резултати“.

Текстот (Видео) Иран користел нов систем за противвоздушна одбрана при соборувањето на американските авиони е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top