(Видео) Иран тврди дека соборил американски борбен авион Ф-15 во близина на Ормутскиот теснец

(Видео) Иран тврди дека соборил американски борбен авион Ф-15 во близина на Ормутскиот теснец

пред 2 часа

Иран објави дека неговите системи за воздушна одбрана собориле борбен авион Ф-15 во близина на јужниот Ормутски теснец.

Авионот наводно бил пресретнат над јужниот брег на Иран, објави полуофицијалната новинска агенција ИСНА, повикувајќи се на соопштение од Заедничката команда за воздушна одбрана на Иран, објави агенцијата Анадолија.

Во соопштението се додава дека авионот испалил ракета кратко пред да биде погоден. Нема независна потврда за инцидентот, а не се објавени детали за судбината на пилотот или остатоците од авионот.

Текстот (Видео) Иран тврди дека соборил американски борбен авион Ф-15 во близина на Ормутскиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top