(Видео) Иран тврди дека соборил американски авион

(Видео) Иран тврди дека соборил американски авион

пред 2 часа

Иранската Револуционерна гарда тврди дека соборила американски борбен авион над централниот дел на земјата, пренесе Index, повикувајќи се на агенциите Фарс и Мехр.

Според нивните наводи, леталото било целосно уништено, а нема информации за судбината на пилотот.

Дел од воените аналитичари на социјалните мрежи посочуваат дека можеби станува збор за авион F-15E, а не F-35.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавиле снимки од американски авиони C-130 и хеликоптери UH-60 кои изведуваат операции за пребарување и спасување над јужен Иран.

Од Вашингтон засега нема официјален коментар за тврдењата.

Текстот (Видео) Иран тврди дека соборил американски авион е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top