(Видео) И покрај пандемијата Американците масовно слават пред Белата куќа, а Трамп замина на голф

пред 3 години

Симпатизерите на демократскиот кандидат Џо Бајден во саботата изразија експлозија од радост, па со лонци, автомобилски свирки и огномет излегоа на улиците во многу градови во САД, откако беше објавено дека нивниот кандидат го победи актуелниот претседател Доналд Трамп.

Поранешниот американски претседател Барак Обама исто така се приклучи на честитките и рече дека не може да биде погорд што има прилија да им ја честита победата на Џо Бајден и Камала Харис, идниот претседател и потпретседател на Соединетите американски држави и истакна дека пред нив се извонредни предизвици.

„Американците излегоа во невиден број“, рече Обама, констатирајќи дека Бајден и Харис оствариле историска и одлучувачка победа.

Во меѓувреме, медиумите известуваат дека Доналд Трамп денеска направил неколку чудни потези додека неговиот ривал Џо Бајден беше прогласен претседател.

Освен што продолжува да инсистира на тоа дека тој оствариил убедлива победа на изборите, во текот на денот тој заминал и во неговиот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија.

Неговиот штаб ги оспори резултатите и најави судски процес од понеделник.

Embed from Getty Imageswindow.gie=window.gie||function(c){(gie.q=gie.q||[]).push(c)};gie(function(){gie.widgets.load({id:’vwwvRUTgSutbvclDsj9mvw’,sig:’oEoTFEUUhOcfOUz1AZajWhvZPJ-n0SyVjPok-fg41_o=’,w:’594px’,h:’396px’,items:’1229513905′,caption: true ,tld:’com’,is360: false })});

Само неколку минути откако најголемите телевизиски станици во САД објавија дека Бајден победил после четири дена исчекување и неизвесност, луѓе масовно се упатија кон Белата куќа за пред неа да ја слават победата, додека од далечината одекнува огномет.

Share
Scroll to Top