Украина: Руската инвазија е многу бавна, па тие прибегнуваат кон психолошка војна и ги кршат правилата на војната

пред 2 години

Војската на Украина ги објави своите најнови проценки за руската инвазија, велејќи дека „непријателот ја продолжува офанзивната операција, но темпото на напредување на неговите трупи значително се намали“, пренесува Индекс.

На тринаесеттиот ден од рускиот напад, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека од 6 часот по локално време, украинските војници ќе продолжат да се бранат во јужниот, источниот и северниот сектор. Главниот град Киев и северниот град Чернихив се уште се во рацете на Украина. Во него се додава дека противвоздушната одбрана на земјата успешно ги одбила ракетните и воздушните напади.

– Окупаторите се деморализирани и се повеќе прибегнуваат кон грабежи и ги прекршуваат правилата на меѓународното хуманитарно право за воени конфликти – соопшти украинската армија.

Украинците тврдат дека Русија сега прибегнува кон психолошка војна и дека се создадени групи руски сили. Тие, наводно, се задолжени за извршување на задачи поврзани со „водење пропагандна војна“ на окупираните територии, со цел да се влијае врз локалното население.

Share
Scroll to Top