(Видео) Катастрофа во Непал: Села срамнети со земја, бројот на мртви се зголемува, стотици туристи се водат како исчезнати

(Видео) Катастрофа во Непал: Села срамнети со земја, бројот на мртви се зголемува, стотици туристи се водат како исчезнати

пред 4 часа

Најмалку 384 лица, вклучувајќи 291 странец, се водат како исчезнати по ненадејните поплави на границата Непал и Тибет, соопшти туристичкиот одбор на земјата.

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати има 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чија националност сè уште не е потврдена.

Ненадејните поплави во Непал сериозно ги оштетија селата и патиштата, покривајќи ги со дебел слој камења и кал. Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија.

Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните извештаи сугерираат дека ненадејните поплави можеби биле предизвикани од земјотрес што ја предизвикал лавината.

Текстот (Видео) Катастрофа во Непал: Села срамнети со земја, бројот на мртви се зголемува, стотици туристи се водат како исчезнати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top