(Видео) Кинеското летало Чанг 5 успешно слета на Месечината

пред 3 години

Кинеското летало Чанг-5 успешно слета на Месечината, каде во следните неколку дена треба да собере примероци од карпи и прашина.

Целта е да се соберат околу два килограми земја кои потоа треба да се испратат со вселенско летало на Земјата.

Ако успее во ова, Кина ќе биде третата земја во светот што ќе има примероци од Месечината, по Соединетите држави и Советскиот сојуз.

Кинеските власти планираат да добијат примероци од Марс до 2030 година.

Share
Scroll to Top