(Видео) Критично во Австрија: Поплавен автопат, улиците во Виена под вода, спасувачите на терен

(Видео) Критично во Австрија: Поплавен автопат, улиците во Виена под вода, спасувачите на терен

пред 4 месеци

Поради поплави предизвикани од обилните дождови, илјадници луѓе денеска се евакуирани во Чешка, Полска и долна Австрија, која е прогласена за зона на катастрофа.

Водостојот на реките во Централна Европа продолжува да расте, вклучувајќи го и Дунав.

Во Австрија поројот целосно го потопи автопатот помеѓу Сент Полтен и Виена којшто е затворен за сообраќај.

Службите за итни случаи со часови се борат со обилните врнежи што доведоа до поплави. Ситуацијата сега е критична и во Виена, каде што почна евакуацијата на загрозените жители. Во акцијата во Тулин загина еден пожарникар, а во спасувањето на граѓаните учествуваа и хеликоптери.

Поплавите предизвикани од циклонот Борис доведоа до излевање на река во Виена. Поплавени се куќите во 14-тиот арондисман, а луѓето се итно евакуирани. Пожарникарите се на терен и предупредуваат дека ситуацијата дополнително може да се влоши, бидејќи во текот на денот се очекуваат рекордни врнежи.

Итните служби на виенската професионална противпожарна бригада биле повикани на повеќе од 1.100 интервенции во последните 24 часа. Околу половина од тие интервенции се поради врнежите, а другата половина поради ветер.

Во Будимпешта, властите предупредија на прогнозите дека нивото на водата на Дунав ќе се зголеми на над 8,5 метри, што е блиску до рекордот од 8,91 метри поставен во 2013 година, бидејќи дождот продолжи да паѓа и во Унгарија и Словачка.

Текстот (Видео) Критично во Австрија: Поплавен автопат, улиците во Виена под вода, спасувачите на терен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top