Таткото на семејство од Молдавија им подлегна на тешките повреди здобиени во сообраќајна несреќа на Халкидики, откако неговата сопруга и нивното бебе починаа на местото на несреќата.
Несреќата се случи во средата попладне (15 јули) на регионалниот пат Полигирос – Агиос Николаос, кога патничко возило со молдавски регистарски таблички, во кое имало родители со две деца, се судрило со цистерна, објавува „Прототема“.
Пожарникарите брзо пристигнаа на местото на несреќата и, со помош на специјална опрема, ги ослободија жртвите. Жена и бебе беа извлечени од автомобилот без знаци на живот, додека таткото и малолетното дете беа извлечени тешко повредени, според написите.
Екипите на итната помош излегоа на терен, сите четири члена на семејството беа однесени во болница, заедно со возачот на цистерната.
Таткото на семејството не успеа да преживее и почина во одделот за итни случаи на болницата на Халкидики.
Малолетното дете сè уште е на болничко лекување, додека возачот на цистерната е во стабилна состојба и не претрпел сериозни повреди.
Точните причини и околности под кои се случила оваа тешка несреќа ги утврдуваат надлежните органи на сообраќајната полиција од Полигирос.
Текстот (Видео) Малолетното дете остана без семејството: почина и таткото, по мајката и бебето во тешката сообраќајна несреќа на Халкидики е превземен од МАКФАКС.




