Во ерменскиот парламент изби тепачка помеѓу пратениците на владата и опозицијата.
Според руските медиуми, се започнало додека пратеникот на владејачката партија „Граѓански договор“, Ике Саркисјан, бил зад говорницата, критикувајќи ја работата на претходните министри за одбрана.
По вербалната дискусија, пластично шише полета кон него, а пратеникот одговори со иста мерка.
Security forces are forcibly trying to oust the MP who called Pashinyan a capitulator#NikolTavajan#NikolCapitulator pic.twitter.com/19kntTQKcK
— Հոսիկ ֎ (@Hosieksarkisyan) August 24, 2021
После тоа дојде до тепачка.
Претседателот на парламентот го повика обезбедувањето во салата и нареди пауза.