(Видео) Навални за процесот на закрепнување по инцидентот: Сè уште ми се тресат рацете, морам многу да вежбам

пред 4 години

Рускиот опозиционер Алексеј Навални го даде првото видеоинтервју по инцидентот што му се случи и изјави дека секој ден се чувствува сè подобро, но дека рацете сè уште му се тресат.

Тој рече дека треба многу да вежба, но сигурен е дека ќе оздрави.

„Рацете ми се тресат до таа мера што ако се обидам да пијам вода од шише, ќе подготвам вистински спектакл за околината. Но, секој ден ми е сè подобро, работам со физиотерапевт.

„Денес тој почна да ме учи да жонглирам, па наскоро ќе можете да ме видите како возам на едно тркало и како вадам зајак од шапка. Шегата на страна, морам да направам многу вежби кои вклучуваат десно-лево, за да знае мозокот што прави. Но, сè ќе биде добро и ќе закрепнам “, рече Навални во интервјуто за новинарот Јуриј Дуд.

Германската влада на 2 септември објави дека Навални е отруен со супстанција од групата хемиски бојни отрови „новичок“. Од Русија се бара да спроведе истрага, а официјална Москва инсистира Берлин да и достави информации во врска со Навални.

Во исто време, според податоците на руски лекари, во анализата на Навални не се пронајдени токсични материи.

 

Share
Scroll to Top