(Видео) Најмалку петмина загинати во циклонот што ја погоди Индија

пред 4 години

Најмалку пет лица загинаа  во силниот циклон Нивар кој го погоди јужниот брег на Индија.

Тие настрадаа од паднати дрвја, од давење во вода или од струен удар, објавија индиските медиуми, пренесува „Ројтерс“.

Невремето, чии удари достигнаа 130 километри на час, искорна дрвја и ги скина далноводите.

Поради невремето,  десетици илјади луѓе беа евакуирани од низините.

Поплавени се и некои улици во градот Чанеи, каде што е седиштето на големи производители на автомобили.

Како што се наведува, работниците работат на отстранување на паднати дрва и далеководи, а илјадници автомобили се паркирани на работ на мостот во Велачара со цел да спречат поплави.

Како што рече државниот министер во средата, десетици илјади луѓе беа евакуирани од областа Тамил Наду, а Метеоролошкиот институт очекува дека циклонот наскоро ќе ослаби.

Share
Scroll to Top