Авион на пакистанската компанија ПИА денеска слета на аеродромот во Кабул. Ова е првиот меѓународен комерцијален лет што пристигна во Авганистан од 15 август, кога талибанците ја презедоа власта во земјата, јави новинската агенција „АФП“.
Авион на ПИА превезуваше само мал број патници, но тој сепак претставува еден од првите знаци за нормализација на земјата и нејзиниот главен меѓународен аеродром, кој кон крајот на август беше местото на бегството на неколку илјади Авганистанци од екстремното исламско движење.
#UPDATES A Pakistan International Airlines plane carrying handful of passengers touches down at Kabul airport, the first international commercial flight to land since the Taliban retook power
.@AFP journalist on flight says only “around 10 people” aboard pic.twitter.com/qF5GAUeisY
— AFP News Agency (@AFP) September 13, 2021
„Во авионот имаше околу десетина лица, можеби повеќе членови на екипажот отколку патници“, изјави новинар на „АФП“.