(Видео) На Макрон му удрија шлаканица, двајца упасени

пред 4 години

Францускиот претседател Емануел Макрон го удрија со шлаканица а време на официјална посета на Дром, регион во југоисточна Франција.

Според видеото кое се рашири на социјалните мрежи, Макрон се приближува до ограда зад која стојат луѓе, кога еден маж од присутните го фати за рака и потоа го  удри по лицето со шлаканица.

Обезбедувањето веднаш го тргна Макрон настрана. Двајца се уапсени зарди инцидентот, пишуваат француските медиуми. Кога човекот му удри шлаканица на францускиот претседател, се слушна и извик во виидеото „Долу Макронизмот’

Share