Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел „ја спречил заканата од инвазија“ од Хезболах, за време на посетата на јужен Либан, негова прва од почетокот на војната на 2 март против либанското движење сојузник со Техеран.
„Војната продолжува, вклучително и во безбедносната зона во Либан“, рече тој во видео објавено од неговата канцеларија, на кое се гледа како носи панцир, опкружен со војници кои учествуваат во израелска копнена офанзива во јужниот дел на соседната земја.
היום בלבנון עם הלוחמים הגיבורים שלנו pic.twitter.com/ycjhdZDNIL
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) April 12, 2026
„Ја спречивме заканата од инвазија од Либан благодарение на оваа безбедносна зона“, додаде тој, откако претходниот ден објави создавање „безбедносна тампон зона од осум до десет километри“ на либанската територија за да се заштити Израел од нападите на Хезболах.
Текстот (Видео) Нетанјаху со војници во Либан: Спречивме инвазија на Хезболах е превземен од МАКФАКС.




