(Видео) Новинар на Си-Ен-Ен од Техеран: „Паѓа црн дожд по израелските напади“

(Видео) Новинар на Си-Ен-Ен од Техеран: „Паѓа црн дожд по израелските напади“

пред 1 ден

Речиси 10 милиони жители на Техеран утрово се разбудија под густи црни облаци откако израелски напади погодиле ирански складишта за нафта, извести од иранската престолнина новинарот на Си-Ен-Ен, Фред Плајтген.

„Можете да видите дека дождот, односно дождовницата, всушност е црна – изгледа како да е заситена со нафта. Тоа е она што утрово паѓа над иранската престолнина, еден вид дожд измешан со нафта, по нападите што се случија“, објасни тој.

Израелската војска соопшти дека погодила складишта за гориво во Техеран кои дистрибуираат гориво „за различни корисници, вклучително и за воени структури во Иран“.

„Станува збор за значаен напад што претставува дополнителен чекор во продлабочувањето на штетата нанесена на воената инфраструктура на иранскиот терористички режим“, соопштија Израелските одбранбени сили.

Фото: Depositphotos

Текстот (Видео) Новинар на Си-Ен-Ен од Техеран: „Паѓа црн дожд по израелските напади“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top