(Видео) Новиот шеф на американската дипломатија положи заклетва

(Видео) Новиот шеф на американската дипломатија положи заклетва

пред 2 недели

Сенаторот од Флорида, Марко Рубио положи заклетва како нов државен секретар на САД.

Сенатот го потврди доцна синоќа, со што стана првиот член на кабинетот на Трамп кој добил одобрение од Конгресот.

Рубио има големо искуство во Комитетот за надворешни односи на Сенатот со меѓународни конфликти.

Тој сега е врвен американски дипломат и ќе надгледува повеќе од 70.000 федерални вработени кои работат за американскиот Стејт департмент.

Рубио се смета за надворешнополитички „јастреб“ – значи некој што зазема тврдокорни позиции, во овој случај кон Иран, како и кон Кина.

Текстот (Видео) Новиот шеф на американската дипломатија положи заклетва е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top